Екипата на Младост Царев Двор нема да се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, откако не ја плати неопходната лиценца за учество.


За сега втората по ранг лига во Македонија остана со девет клубови, а комитетот за итност во Фудбалската федерација на Македонија ќе одлучи дали и која екипа ќе го замени Младост.

„Зелено белите“ за четири сезони од Општинската лига стигнаа до елитата, а за помалку ќе се вратат онаму од каде што започна нивниот скок.

Второлигашката сезона започнува за неполн месец, а беа извлечени паровите за првата рунда.

Двојки:

Металург – Тетекс

Вардар Неготино – Академија Пандев

Љубанци 1947 Кавардарци – Скопје

Хоризонт Турново – Влазрими

Еуромилк – слободен

OhridNews