Фудбалерите на Младост од Царев Двор со триумфот над Гостивар 2-0 пред своите гледачи и математички го обезбедија влезот во Првата лига.


Стрелци во победата која значеше пласман беа Тони Велјаноски во првиот дел односно Игор Клечкароски во вториот.

„Зелено белите“ треба да служат за пример бидејќи во дебитанската сезона успеаја да обезбедат влез во елитата.

Покрај тимот од Царев Двор како шампион во Втора лига во Првата ќе влезе и екипата на Шкупи.

Третиот тим, кој ќе ја комплетира Првата лига за следната сезона ќе се одлучи по завршување на оваа сезона.

Резултати : Младост ЦД – Гостивар 2-0, Влазрими – Дрита 4-1, Скопје – Напредок 4-0, Еуромилк – Кожув 2-1, Шкупи – Македонија ЃП 0-0.

Табела : Шкупи 50, Младост ЦД 46, Гостивар 40, Македонија ЃП 38, Влазрими 35, Скопје 35, Кожув 34, Еуромилк ГЛ 34, Дрита 24, Напредок 9.

Мх.П.