Младиот и перспективниот арбитар од Куманово, Филип Ивановски ќе ја дели правдата на натпреварот од седмата рунда во Втората МФЛ помеѓу Вардар Форино и Охрид.
Средбата во вторлигашката конкуренција ќе се одигра в недела место в сабота поради настапите на А репрезентацијата следната недела. Дуелот е закажан за в недела во 15 часот на Градскиот стадион во Гостивар.
Асистенти на Ивановски ќе му бидат Бојан Андевски и Александар Ѓурковски.
Деби како четврти судија во Вторта МФЛ ќе има Мишо Ѓорѓиоски. Тој ќе биде задолжен за ред и мир покрај аут линијата во Струга на дерби средбата Лабуништа – Гостивар.
Во преостанатите мечеви од седмата рунда ќе се сретнат Скопје – Дритаа, Кадино – Кораб и Пелистер – Велазерими.
Лидер на табелата после шест одиграни мечеви е битолски Пелистер.
OhridNews