Стрелецот на победничкиот погодок за Охрид на дуелот со Велазерими, Роберт Митев е дел од тимот на од двете Втори лиги, составен од специјализираната страна „Макфудбал.мк“.
Офанзивецот Митев во 64-та минута погоди за 2-1, водство кое „рибарите“ и покрај играчкиот дефицит го задржаа до крајот на натпреварот. За Митев погодокот со кичевчани беше дебитански и постигнат во вистинско време.
Одличен натпревар одиграа Бурхан Алији и Александар Ѓорѓиески, но „Макфудбал.мк“ не ги вклучи во тимот на колото.
Охриѓани го „заборавија“ дуелот со Велазерими и комплетно се насочија кон Гостивар, со кој ќе ги одмерат силите в сабота, во 23-та рунда од Втората лига-запад.
OhridNews