Екипата на Еуромилк продолжи со победничката серија во Втората македонска фудбалска лига. “Млекарите“ на гостински терен извојуваа убедлива победа против Тиквеш 4-0 и се искачија на втората позиција на табелата.


За скопскиот тим целиот натпревар го одигра охриѓанецот Наум Велјаноски додека останатите двајца Дарко Иловски и Филип Митрески мечот го проследија од клупата.

Резултати : Тиквеш – Еуромилк 0-4. Руфеја – Охрид 3-0, Победа – 11 Октомври 2-1, Миравци – Локомотива 4-1, Баби – Скопје (0-3 служебни), Маџари – Корзо 2-2, Новаци – Македонија 0-0, Врапчиште – Гостивар.

Табела :

1 Скопје 18 11 4 3 34 11 37
2 Еуромилк ГЛ 18 11 4 3 25 11 37
3 Гостивар 17 10 6 1 29 7 36
4 Македонија ЃП 18 11 3 4 24 10 36
5 Руфеја 18 10 4 4 28 12 34
6 Миравци 18 9 4 5 29 19 31
7 Победа Ј. 18 10 1 7 21 19 31
8 11 Октомври 18 8 2 8 23 27 26
9 Маџари 18 5 6 7 19 21 21
10 Новаци 2005 18 6 3 9 25 34 21
11 Врапчиште 17 5 5 7 14 22 20
12 Тиквеш 09 18 4 6 8 21 29 18
13 Охрид 18 5 1 12 23 48 16
14 Корзо 18 2 8 8 14 25 14
15 Локомотива 18 3 3 12 15 34 12
16 Баби 18 2 2 14 14 29 8