Битолски Пелистер, Скопје, Гостивар и Лабуништа со идентични 10 бодови го делат првото место на табелата во Втората македонска фудбалска лига, додека тимот на Охрид останува закован на дното без бодови и со голем прашалник околу опстанокот во второлигашкото друштво.

Најголем добитник во петтата рунда е тимот на Лабуништа. Избраниците на Пепи Џигероски на домашен терен во фантастичен натпревар со 3-2 ја совладаа Дрита и се изедначија со тимот на Скопје, кој изгуби од Вардар Форино 2-0. Во прилог на Лабуништа отиде и ремито без голови во Битола помеѓу Пелистер и Гостивар, бидејќи која и екипа да победеше ќе избиеше на врвот.

Постот на Охрид во Втората лига продолжува. Подобар ривал од Охрид беше Кадино, кој со 2-1 славеше во дербито на дното и стигна до првите бодови на табелата.

Резултати: Кадино – Охрид 2-1, Пелистер – Гостивар 0-0, Кораб – Велазерими 4-0, Лабуништа – Дрита 3-2, Вардар Форино – Скопје 2-0

Табела: Пелистер 10, Скопје 10, Гостивар 10, Лабуништа 10, Кораб 7, Велазерими 7, Вардар Форино 6, Кадино 3, Охрид 0

Двојки 6.рунда: Велазерими – Скопје, Дрита – Вардар Форино, Охрид – Лабуништа, Гостивар – Кадино, Кораб – Пелистер.

OhridNews

Кадино со херојски триумф го совлада Охрид