Новајлијата Воска Спорт е најактивен клуб на трансфер пазарот во второлигашката конкуренција, но и останатите тимови се активираат и го комплетираат ростерот за претстојната натпреварувачка сезона.

Кораб од Дебар одлично се засили со пет фудбалери. Тројца од нив доаѓаат од Охрид. Имено, нови фудбалери на Кораб се Един Мерсовски, Александар Целески и Фатмир Ариф. Останатите двајца се Аријан Исени и Аган Зибери.

Велешта, пак, се засили со Стојанче Велинов, Аздрен Мена и Илија Далчески. На клупата останува стружанецот Пепи Џигероски.

Двете екипи во следниов период ќе ги објават плановите за подготовките и распоредот на контролни мечеви. Минатата сезона Велешта финишираше трета, позади Охрид и Скопје, а Кораб заврши петтопласиран.

OhridNews
Фото: Архива