Охридскиот фудбалски клуб, во претпоследна рунда од есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе се сретне со тимот на Вардар Форино. Дуелот кој ќе се одигра утре, со почеток во 13 часот на Градскиот стадион во Гостивар ќе биде последна шанса за охриѓани да извојуваат триумф на гостински терен.

Во пресрет на натпреварот од 15-та рунда, „рибарите“ се изразити фаворити, но Вардар Форино кој се соочува(ше) со финансиски проблеми никако не сме да се отпише. Охриѓани се наоѓаат во добра форма и во последните пет натпревари забележаа три победи, едно реми и еднаш претрпеа пораз. Наспроти нив, Вардар Форино нема победа на последните пет мечеви.

Правдата на утрешниот натпревар ќе ја дели гевгеличанецот Доне Ристевски.

Во првата пресметка оваа сезона, Охрид, на домашен терен победи со минимални 1-0, благодарание на голот на Оливер Дишлиевски.

OhridNews