Боби Величков од Велес ја доби довербата и задача да ја дели правдата на локална дерби пресметка помеѓу Охрид и Кораб, во 21-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

На Величков на теренот со вештачка трева каде ќе се одигра дерби средбата ќе му помагаат Петар Новачев и Александар Ајдаров, двајцата од Велес.

Охриѓанецот Бафто Фатмир во 21-та рунда ќе дели правда на истокот. Тој ќе суди мечот во Кавадарци, помеѓу екипите на Тиквеш – Плачковица.

Сите мечеви се играат в сабота во 15 часот.

  • Двојки и судии:

Велазерими – Кадино (Сашко Ристов/Струмица)

Скопје – Тетекс (Кирил Смоквоски/Прилеп)

Велешта – Дрита (Влатко Илиовски/Прилеп)

Охрид – Кораб (Боби Величков/Велес)

OhridNews