Македонија Ѓорче Петров со 1-0 го совлада Гостивар во дерби средбата во 23-то коло од Втората македонска фудбалска лига.

Во дерби пресметката на водечките тимови која ја водеше охридскиот судија Марјан Маркоски победникот беше решен во 28-та минута кога Адем во погодок го претвори ударот од белата точка.

Резултати : Скопје – Тиквеш 3-0, Локомотива – Руфеја 0-3, Новаци – Врапчиште 2-2, Македонија ЃП – Гостивар 1-0, Миравци – Маџари 5-1, Корзо – Охрид 6-1, Баби – Победа Јуниор 0-0.

23-та рунда од Втората лига ќе биде комплетирана со мечот во Прилеп, меѓу 11 Октомври – Еурмилк.

Мх.П.