Екипата на Лабуништа со службен резултат 3-0 го изгуби мечот со Тетекс, кој вчера во рамките од 16-та рунда од Втората МФЛ се одигра во Струга и заврши без голови и без победник (0-0).
Домаќините се санкционирани поради пропустот во почетниот состав во кој немале играч под 19 години. ФФМ ја прифати жалбата на „штофарите“ и мечот го регистираше со 3-0.
Лабуништа покрај освоениот бод може да изгуби и други бодови, бидејќи е предадена на Дисциплинска комисија поради прекршување на правилата.
OhridNews