Фудбалерите на Охрид имаа поволен распоред на почетокот од сезоната во Втората македонска фудбалска лига-запад. Во првите четири мечеви, „рибарите“ играат три пати на домашен терен што им овозможува шанса за повеќе од посакуван почеток во второлигашкото друштво.
Авантурата во Втората МФЛ, Охрид, ја започнува на домашен терен против кичевски Велазерими на 24 август. „Сино белите“ во втората рунда го пречекуваат Гостивар а дури во третата гостуваат кај Кораб од Дебар. Првиот квартет мечеви ќе ги заокружат со Пелистер во Охрид.
Првата полусезона Охрид ја завршува со Дрита во гости а последниот меч се игра на 30 ноември.
Распоред:
1.рунда (24 август) Охрид – Велазерими
2.рунда (1 септември) Охрид – Гостивар
3.рунда (7 септември) Кораб – Охрид
4.рунда (15 септемри) Охрид – Пелистер
5.рунда (21 септември) Кадино – Охрид
6.рунда (26 септември) Охрид – Лабуништа
7.рунда (5 октомври) Вардар Форино – Охрид
8.рунда (12 октомври) Охрид – Скопје
9.рунда (20 октомври) Дрита – Охрид
OhridNews