Екипата на Младост на „Атина Бојаџи“ ја совлада прилепска Победа со 3-1 во првиот натпревар од бараж двомечот за влез во Втората лига.
Херој на „предизвикувачот“ беше поранешниот играч на Охрид 2004, Игор Клечкароски, кој на три пати го пронајде патот до противничката мрежа.
Први поведоа „домаќините“ кои со погодокот на Карчески го отворија резултатот. Пред финишот на првиот дел Клечкароски изедначи на 1-1 по кардиналната грешка на голманот Талески.
Во 56-та минута Клечкароски од работ на шеснаесетте метри од слободен удар по втор го матираше голманот и донесе водство за неговиот тим.
Сите шанси за поволен резултат на фудбалерите на Победа спласнаа во 81-та минута кога главниот арбитар Мечкароски го исклучи Талески, кој стартуваше надвор казнетиот простор над Даралиовски.
За да биде се во неговиот знак Клечкароски се погрижи во судиското продолжение кога од слободен го постигна третиот погодок и ги постави конечните 3-1.
Реваншот од бараж натпреварот меѓу Победа и Младост се игра в недела исто на градскиот стадион „Атина Бојаџи“.
Мх.П.