Со погодокот од белата точка во 90-та минута Игор Клекчароски донесе значаен триумф 2-1 за неговата екипа Младост на гостувањето кај тимот на Кожув.


Поранешниот фудбалер на „рибарите“, Клечкароски и во првиот натпревар беше творец на победата, а клучна улога одигра и на првото гостување во пролетната полусезона.

Со оваа победа фудбалерите на Младост од Царев Двор ја продолжуваат трката за втората позиција која води во Првата лига со екипата на Гостивар.

Неприкосновен лидер на табелата е Шкупи, кој има осум бодови предност пред второпласираниот Гостивар и девет пред составот на Младост.

Мх.П.