Битолските „зелено бели“ го слават Игор Клечкароски кој во 90-та минута погоди за победа на Пелистер на дербито со Тетекс во 21-та рунда од Втората лига.
„Штофарите“ во два наврати имаа предност, но битолчани наоѓа начин да се вратат во игра. Последниот и завршен удар го направи стружанецот во редовите на Пелистер, Клечкароски кој погоди за победа.
Дамка на победата на битолчани стави охриѓанецот Ристе Маркоски кој во судиското продолжение црвен картон заедно со Бенјамин Демир од тимот на Тетекс.
Резултати: Еуромилк ГЛ – Победа 1-2, Македонија ЃП – Гостивар 1-0, Велазерими – Кожуф 1-0, Тетекс – Пелистер 2-3, Скопје – Љубанци 0-0
Табела: Победа 32, Влазрими 32, Македонија ЃП 32, Скопје 31, Тетекс 30, Љубанци 29, Пелистер 29, Еуромилк 25, Гостивар 24, Кожуф 17 бода.
Фото: архива
OhridNews