Екипата на Младост прокнижи нови три бода победувајќи го Гостивар со убедливи 5-0 во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига.
Два од петте голови за домаќините постигна напаѓачот Игор Клечкароски, два пати мрежата на гостиварчани ја погоди и Ристевски додека петтиот погодок беше дело на Вељаноски.
Фудбалерите на Влазрими предводени од охридскиот стратег Драган Бочески претрпеа неочекуван пораз од Македонија Ѓорче Петров 1-0 пред своите гледачи.
Резултати : Младост – Гостивар 5-0, Велазерими – Македонија ЃП 0-1, Шкупи – Напредок 2-0, Еуромилк – Дрита 1-0, Кожуф – Скопје.
Табела : Шкупи 42 бода, Младост ЦД 30, Гостивар 29, Македонија ЃП 26, Велазерими 24, Еуромилк 24, Скопје 23 (-1), Кожуф 22 (-1), Дрита 17, Напредок 9.
Мх.П.