Охриѓанецот во редовите на Младост Царев Двор, Антонио Каланоски беше стрелец на погодок за својата екипа во ремито со Еуромилк 1-1.
Каланоски водечкиот погодок за домашна екипа го постигна во 55-та минута, но фудбалерите на Младост не издржаа и капитулираа во во 82-та минута кога гостите го изедначија резултатот.
Каланоски втор натпревар во низа ја погодува противничката мрежа, но овој пат не беше доволно за победа.
Резултати : Македонија ЃП – Кожуф 0-0, Гостивар – Напредок 6-3, Врапчиште – Шкупи 2-2, Скопје – Дрита 3-0, Младост ЦД – Еуромилк ГЛ 1-1.
Табела : Шкупи 32 бода, Гостивар 22, Врапчиште 21, Младост ЦД 21, Скопје 18, Еуромилк ГЛ 15, Кожуф 14, Македонија ЃП 14, Дрита 11, Напредок 9 бода.
Мх.П.