Поранешните фудбалери на Охрид 2004, Антонио Каланоски и Игор Клечкароски беа творци на победата за Младост над Дрита 2-1.
Офанзивниот фудбалер и напаѓачот за комотна предност на својот тим погодија во првиот дел, а домаќините успеаја само да постигнат почесен погодок во вториот.
Фудбалерите на Младост имаат шест победи во 12-те натпревари во дебитанската сезона во второлигашкото друштво.
Со 20 бодови екипата од Царев Двор се наоаѓа на третата позиција со еден помалку од второпласираниот Врапчиште и 11 од лидерот на табелата Шкупи.
Мх.П.