Новајлијата во второлигашкото друштво Младост од Царев Двор прокнижи нови три бодови победувајќи го составот на Врапчиште со 2-1.
Творци на триумфот за „младинците“ беа поранешните играчи на Охрид 2004, Игор Клечкароски и Антонио Каланоски кои по еднаш ја погодија противничката мрежа.
Домаќините поведоа со 1-0 во 10-та минута, а тогаш на сцена стапи прво Клечкароски кој израмни на 1-1, а трите бода ги осигура Каланоски во 66-та минута.
Резултати : Кожуф – Напредок 1-1, Дрита – Македонија ЃП 2-0, Еуромилк – Гостивар 1-2, Шкупи – Скопје 2-0, Врапчиште – Младост ЦД 1-2.
Мх.П.