Во четвртиот натпревар од пролетната полусезона во Втората лига екипата на Младост Царев Двор ја забележа третата победа совладувајќи го Гостивар со 5-0.
Творец на победата беше Игор Клечкароски, кој постигна два погодоци, а доста добро одигра и Антонио Каланоски, кој запиша една асистенција.
Со двата погодоци во дербито на колото поранешниот фудбалер на Охрид 2004 стигна до деветтиот сезонава во Втората лига.
Младост сериозно атакува на втората позиција која води во елитата и на добар пат се да го остварат тоа.
Мх.П.