Скопјанецот Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на пресметката помеѓу Охрид Лихнидос и Пелистер во рамките од 4-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад, додека охриѓанецот Фатмир Бафто ќе суди во Кичево на мечот Велазерими – Вардар Форино.

За 29-годишниот арбитар натпреварот во Охрид ќе биде прв сезонава во второлигашкото друштво. Перспективниот, Стојчевски сезонава дебитираше во Првата лига судејќи го натпреварот Работнички – Шкупи. На Стојчевски ќе му помагаат Бранко Путилин и Дарко Видиниќ.

Асистенти на охридскиот судија Бафто во Кичево ќе му бидат струшките колеги Симон Грданоски односно Лазе Чакарески.

Мечевите од 4-та рунда се играат в недела со почеток во 15 часот и 30 минути.

Двојки: Велазерим – Вардар Форино, Скопје – Лабуништа, Дрита – Кадино, Охрид – Пелистер, Гостивар – Кораб

Табела: Лабуништа 7, Скопје 7, Пелистер 6, Гостивар 6, Дрита 6, Велазерими 4, Кораб 4, Вардар Форино 3, Охрид 0, Кадино 0

OhridNews

Богат викенд со спортски настани во Охрид!