Охридскиот фудбалски клуб со двајца фудбалери и тренер е најзастапен во изборот на идеалниот тим за 26-та рунда во двете Втори лиги, спроведен од специјализираната страна „Макфудбал.мк“.
Во тимот на колото очекувано се најде Шериф Реџепи кој со три погодоци го реши Кадино. Друштво на Реџепи му прави капитенот Наум Вељаноски кој има сезона паметење во дресот на Охрид. Идеалниот тим за 26-та рунда го предводи охридскиот тренер Драган Бочески, кој до совршенство ја доведе играта на „рибарите“ во дуелот со Кадино.
По двајца фудбалери во тимот на колото имаат Слога Виница и Тиквеш, а по еден свој претставник имаат Кораб, Победа, Брегалница, Скопје и Велешта.
Викендов кој доаѓа завршуваат мечевите во Втората лига. Охриѓани се во пол позиција за второто место во пресрет на решавачките битки. Охрид во последната рунда гостува кај Тетекс, а Велешта кај шампионот Скопје.
Мх.П.
Оценки: Реџепи незадржлив, „рибарите“ со стил ја спуштија завесата на „Билјанини Извори“