Фудбалерите на Младост обезбедија пласман во Втората лига откако во бараж двомечот со Победа Јуниор славеа со вкупни 4-3.
На реванш натпреварот прилепските фудбалери забележаа пирова победа 2-1 и не успеаја да го анулираат триумфот на Младост 3-1 од првиот натпревар.
На историскиот натпревар за Младост централна фигура беше Игор Клечкароски, кој го постигна единствениот погодок за екипата.
Малку фалеше од херој Клечкароски да стане трагичар откако во 81-та минута при резултат 1-1 заработи втор жолтон, автоматски црвен картон.
Одбраната на Младост со фудбалер помалку капитулираше само еднаш и тоа во финишот и ја одбрани победата од првиот натпревар и обезбеди пласман во Втората лига.
Мх.П.