Составот на Кадино, го забележа првиот триумф сезонава во Втората македонска фудбалска лига-запад победувајќи го тимот на Охрид со 2-1 (1-0). „Рибарите“, после поразот во дербито на дното остануваат заковани на последната позиција со пет порази во исто толку мечеви.

Домаќините до сефте победата стигнаа на херојски начин, додека на „рибарите“ не им помогна ниту новиот тренер Гоце Толески, кој дебитираше со пораз. Фудбалерите на Кадино повеќе од 70 минути играа со играч помалку, но тоа не им посмета да „изгинат“ на теренот и да ја израдуваат домашната публика.

Охриѓани имаа посед на топката, теренска доминиција и креираа прилики за погодок, но не успеаја да ја погодат целта. Пред крајот на првиот дел, домаќините, од првата посериозна шанса ја затресоа мрежата на Охрид и обезбедија предност 1-0.

Во второто полувреме, Охрид продолжи да напаѓа и да го притиска домашниот состав. Најдобрата прилика за изедначување ја имаше Стефан Петрушески, но неговиот удар со глава го расчити потесната одбрана од саматал гол линија. Домашната екипа во 79-та минута го дуплираше водството после серија грешки во тимот на Охрид.

Надежите за позитивен резултат ги врати Петрушески со маестралниот погодок во 90-та минута. Во судиското продолжение, „рибарите“ фрлија се` на една карта, но домаќините со долго задржување на времето ја одбранија минимална предноста и ги запишаа првите бодови на табелата.

За охриѓани следен предизвик е средбата со Лабуништа во 1/8 финалето во Купот на Македонија, а истиот противник ќе им биде и во шестата рунда од Втората лига.

OhridNews