Возбудлива пролет ни навестуваат воведните неколку кола од Втората МФЛ. Густо е во врвот, неизевсно е на дното, што само го потврдува фактот дека никој не смее да се опушти, бидејќи никој не сигурен каде ќе заврши крајот на шампионатот.
На втората и третата позиција со идентичен број на бодови 39 се Миравци и Металург. Токму овие две екипи ке се судрат во наредното коло.
Четвртата позиција се уште резервирана за Скопје (37 п), додека кругот за екипите кои ќе се борат за висок пласман се затвара со тетовските Дрита (35 п) и Тетекс (34 п). Уште една директна пресметка по која ќе се знае кој го продолжува патот кон елитата.
Сигурни во средината на табелата се некогашите прволигаши Беласица (33 п )и Слога Ј (32 п).
Се уште, не може мирно да спијат екипите на Нов Милениум (25 п), Маџари(24 п) и Охрид (23 п)
Опасната зона започнува со Вардар Д(22 п), а загрижени за својата второлигашка иднина треба да бидат Брегалница (20 п) и Алумина (20 п).
Црвеното светло одамна е запалено во редовите на Локомотива (17 п), Караорман (15 п) и Влазрими (10 п) кој со последната победа на гостувањето кај Маџари покажа значи на живот.
Наредно коло 23.03 (Недела)
Скопје | – | Брегалница |
Локомотива | – | Нов Милениум |
Миравци | – | Металург |
Вардар Д | – | Слога Ј |
Караорман | – | Беласица ГЦ |
Дрита | – | Тетекс |
Влазрими | – | Алумина |
Турново | – | Маџари |
Охрид `04 | слободен |