Дерби средбата помеѓу аспирантот за висок пласман Гостивар и составот на Охрид, викендов, ќе означи официјален почеток на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Правдата на најинтересната пресметка во првата рунда од второлигашката конкуренција ќе ја Марјан Дејаноски од Кичево. На кичевчанецот ќе му помагаат Фатон Мустафи (Кичево) и Давор Цветаноски (Кичево). Четврти судија е Пларент Салихи (Тетово).
Натпреварите во Втората лига се играат в сабота во 17 часот без присуство на публика на трибините.
Двојки и судии:
Гостивар – Охрид (Марјан Дејаноски)
Велешта – Кадино (Влатко Илиоски)
Дрита – Вардар Форино (Стојанче Трпчевски)
Скопје – Велазерими (Васко Мавров)
Лабуништа (Тетекс) – Кораб (Благојче Ралевски)
OhridNews