Некогашните македонски прваци Победа и Македонија ЃП се “одлепија“ на врвот на второлигашката табела и се блиску до враќање во елитата. Победа како гостин славеше над Пелистер со 4-1, додека Македонија ЃП славеше над Кожуф со 3-1.
Резултати: Пелистер – Победа 1-4, Гостивар – Тетекс 4-1, Скопје – Еуромилк 1-1, Љубанци – Влазерими 4-0, Кожуф – Македонија ЃП 1-3.
ТАБЕЛА: Победа 35, Македонија ЃП 35, Велазерими 32, Скопје 32, Љубанци 32, Тетекс 30, Пелистер 29, Гостивар 26, Еуромилк 26, Кожуф 17.