Екипата на Лабуништа освои значајни три бодови во трката за вицешампионската позиција совладувајќи го Тетекс со минимални (1-0) во 22-та рунда од Втората македонска фудбалска лига.
Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Бојан Спиркоски во 49-та минута од мечот. Избраниците на Пепи Џигероски до крајот ја задржаа предноста и им се вратија победите после ремито без голови на домашен терен против Генче Калемлер.
Во следната 23-та рунда силите ќе ги одмери со битолски Пелистер во една од клучните пресметки за позицијата број два на табелата во Втората лига.
Резултати: Тетекс – Лабуништа 0-1, Пелистер – Скопје 2-0, Гостивар – Велазерими 1-1, Генч Калемлер – Струга Трим Лум 0-1, Гоблен Јуниор – Кораб 0-2
Табела: Струга Трим Лум 46, Лабуништа 38, Пелистер 33, Гостивар 32, Велазерими 29, Скопје 28, Кораб 26, Тетекс 23, Генче Калемлер 22, Гоблен Јуниор 21
OhridNews