Лидерот на табелата и следниот ривал на Охрид во Втората македонска фудбалска лига-запад, Гостивар се соочува со голема финансиска криза и заминување на поголемиот играчки кадар од клубот. Амбициозниот Гостивар одлично и според планот ја стартуваше сезоната, одлепувајќи се на првата позиција на табелата. Но, промените во управата и тренерската позиција внесоа турбеленции во екипата и непосакуван епилог.
Официјално сум нов член на Тетекс. Би сакал да им се заблагодарам на играчите кои беа фер и коректни со мене, како и на старотот раководство во клубот. Причина за моето заминување се финансиите и непочитување како фудбалер на Гостивар. – на социјалните мрежи напиша Енис Дервиши кој беше еден од подобрите играчи во Гостивар.
Викендов во Втората лига стартуваат мечевите од вториот круг, а Гостивар ќе ги одмери силите со Охрид. Разнишаниот Гостивар сигурно ќе биде шанса за „рибарите“, кои, во претходната рунда го совладаа Тетекс со минимални 1-0.
OhridNews