Со голот од пенал на Фљамур Таири во 82-та минута Струга Трим Лум со минимални (1-0) го совлада тимот на Лабуништа во дербито од 21.коло во Втората македонска фудбалска лига.

Избраниците на Александар Танчески со триумфот во дерби пресметката во Струга ја прекинаа серијата без пораз на Лабуништа која траеше 14 натпревари и го продолжија походот кон местата кои водат во елитата.

Натпреварот изобилуваше со шанси на двете страни. Во првиот дел две прилики за погодок имаше составот на Лабуништа, додека во второто полувреме шансите им припаднаа на „домаќините“, кои искористија една за конечна победа.

Пеналот во 82-та минута го изнуди охриѓанецот Александар Целески, додека во погодокот го претвори Таири кој биеше по средината од голот. 

Со трите бодови Струга Трим Лум го задржа чекорот со водечките, кои исто така славеа победи во 21.коло во Втората лига, додека Лабуништа и покрај поразот останува на средината од табелата.

Мх.П.