Екипата на Кораб од Дебар е лидер на табелата после две одиграни рунди во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Соколите“ за „два од два“ во второлигашката конкуренција го совладаа кичевски Велазерими со 2-1.
Во втората рунда на први победи се израдуваа Охрид и Гостивар. Охриѓани со 2-1 ја совладаа Велешта, додека гостиварчани славеа со 3-1 во соседското дерби против Тетекс.
Минимален триумф 2-1 забележа Кадино на дуелот со Дрита, а Вардар Форино и Скопје ги поделија бодовите ремизирајќи 3-3.
- Резултати 2.рунда:
Тетекс – Гостивар 1-3
Кораб – Велазерими 2-1
Вардар Форино – Скопје 3-3
Кадино – Дрита 2-1
Охрид – Велешта 2-1
Табела: Кораб 6, Гостивар 4, Скопје 4, Охрид 4, Велешта 3, Кадино 3, Вардар Форино 2, Дрита 1, Велазерими 0, Тетекс 0
- Двојки 3.рунда (12 септември):
Гостивар – Кораб
Велешта – Тетекс
Дрита – Охрид
Скопје – Кадино
Велазерими – Вардар Форино
OhridNews