Натпреварот помеѓу Дрита – Охрид во третата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад ќе го суди Кирил Смоквоски од Прилеп.
За 30-годишниот прилепчанец ова ќе биде прв натпревар во Втората лига сезонава, додека мразот го скршил со делење на правдата на прволигашката средба помеѓу Академија Пандев – Вардар.
Асистенти на Смоквоски ќе му бидат Марјан Смилкоски и Дино Конески, двајцата од Прилеп. Четврти арбитар е Пларент Салихи од Тетово.
Дербито на колото помеѓу аспирантот за висок пласман Гостивар и лидерот Кораб ќе го суди Стојанче Стојанов од Штип.
Натпреварите се играат в сабота во 16 часот.
Двојки и судии:
Дрита – Охрид (Кирил Смоквоски-Прилеп)
Гостивар – Кораб (Стојанче Стојанов-Штип)
Велешта – Тетекс (Дарко Стојчевски-Скопје)
Скопје – Кадино (Игор Иванов-Велес)
Велазерими – Вардар Форино (Александар Урошевиќ-Тетово)
OhridNews