Составот на Велешта е вистински хит во втолигашкиот шампионат. Избраниците на Пепи Џигероски се пробија до втората позиција на табелата со драматичниот триумф над кичевски Велазерими со 2-1.
Гостите од Кичево поведоа со погодокот на Албулен Имери во 14-та минута од натпреварот. Велазерими до 76-та минута оддолеваше на нападите од домаќините. Во 76-та минута Аљтин Лога ја погоди мрежата и донесе егала 1-1. Во судиското продолжение Лога од пенал погоди за 2-1 и конечен триумф.
Победи во осмата рунда забележаа Кораб кој со 1-0 славеше против Охрид и Гостивар кој со идентичен резултат 1-0 го совлада Вардар Форино.
- Резултати 8.рунда:
Кораб – Охрид 1-0
Гостивар – Вардар Форино 1-0
Велешта – Велазерими 2-1
Дрита – Скопје 0-0
Тетекс – Кадино
Табела: Гостивар 20, Велешта 15, Скопје 15, Кораб 14, Велазерими 10, Кадино 9, Охрид 9, Вардар Форино 8, Дрита 4, Тетекс 3
- Двојки 9.рунда:
Скопје – Кораб
Велазерими – Дрита
Вардар Форино – Велешта
Кадино – Гостивар
Охрид – Тетекс
OhridNews
Видео: Контроверзен пенал му пресуди на Охрид во дербито со Кораб