Доне Ристевски од Гевгелија ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Вардар Форино и Охрид, во 15-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.
За Ристевски ова ќе биде втор пат да му суди на Охрид во оваа сезона. Претходно, Ристевски ја делеше правдата на локалната дерби пресмеска со Велешта која заврши без голови и без победник.
Асистенти на Ристевски на Градскиот стадион во Гостивар ќе му бидат Тоше Ицев од Кавадарци односно Иван Танев од Гевгелија.
Охриѓанецот Бафто Фатмир повторно ќе дели правда на истокот. Овој пат ќе го суди натпреварот помеѓу Плачковица и Каменица Саса. Асистенти на Бафто ќе му бидат стружаните Симон Грданоски и Климент Ристоски.
- Двојки и судии:
Кадино – Кораб (Владими Ѓорѓиевски/Битола)
Вардар Форино – Охрид (Доне Ристевски/Гевгелија)
Велазерими – Тетекс (Петар Мантев/Неготино)
Скопје – Гостивар (Димитар Пилешков/Штип)
Дрита – Велешта (Никола Иванов/Велес)
OhridNews