По одиграните три кола на врвот на табелата со максимален учинок девет бода од три натпревари се наоѓаат охридските бели. Одличната атмосфера во тимот се пренесува на терен па резултати не изостануваат.


Веднаш за охриѓани со седум освоени бода е двоецот Брегалница и Тетекс. Со шест бода на контото следува квартетот екипи Маџари, Цементарница, Дрита и Локомотива. Во горниот дел од табелата се уште Слога со пет, како и Вардар (Н) и Скопје со четири бода.

Слабo стартуваше Шкендија, како и екипите кои минатата година играа во баражот Миравци и Беласица. Новаците во лигата сега за сега тешко се снаоѓаат во новото друштво. Кожуф има еден додека Новаци е се уште без бодови.

Охридскиот напад е трет во лигата со постигнати шест погодоци. Најмногу постигнати голови има нападот на Маџари осум, па него следува Цементарница со седум . Охридскиот напад постигна шест. Листата на стрелци со по два погодока ја предоводат Атај и Клечакароски.

Наредно 4 коло (Сабота 30.08.2008)

Брегалница  – Нов Милениум    
Охрид –  Миравци    
Вардар (Н) –  Цементарница   
Шкендија –  Дрита    
Скопје     –  Кожув    
Маџари С –  Тетекс    
Локомотива – Слога Ј    
Беласица – Новаци

ТАБЕЛА

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Охрид 2004 3 3 0 0 6 3 9
Брегалница 2008 3 2 1 0 5 0 7
Тетекс 3 2 1 0 4 1 7
Маџари Солидарност 3 2 0 1 8 4 6
Цементарница 55 3 2 0 1 7 5 6
Дрита 3 2 0 1 5 3 6
Локомотива 3 2 0 1 4 5 6
Слога Југомагнат 3 1 2 0 4 2 5
Скопје 3 1 1 1 3 2 4
Вардар Декамел 3 1 1 1 4 4 4
Шкендија ХБ 3 0 2 1 3 5 2
Миравци 3 0 1 2 4 6 1
Кожув 3 0 1 2 5 7 1
Нов Милениум 3 0 1 2 3 7 1
Беласица 3 0 1 2 0 5 1
Новаци 2005

М.Постоловски