Велешанецот Игор Иванов ја доби довербата од Судиската организација да ја дели правдата на дербито Охрид – Велешта, во 24-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.
Саботниот натпревар Охрид – Велешта на СРЦ „Билјанини Извори“ нема да го даде конечниот патник во баражот, но екипата која ќе победи ќе биде многу блиску до остварување на целта.
Иванов е квалитетен арбитар, со прволигашки мечеви сезонава зад своето име и се очекува сето тоа да го потврди со перфектено судење на „Билјанини Извори“. На Иванов на дербито во Охрид ќе му помагаат Петар Новачев и Роберт Црвенов од Велес.
- Двојки и судии:
Гостивар – Велазерими (Марјан Гоцевски/Струмица)
Охрид – Велешта (Игор Иванов/Велес)
Кораб – Скопје (Крумислав Ѓорѓиев/Штип)
Дрита – Тетекс (Димитар Пилешков/Штип)
Табела: Скопје 48, Велешта 43, Охрид 40, Гостивар 38, Кораб 30, Велазерими 25, Тетекс 24, Кадино 24, Дрита 17, Вардар Форино откажан.
OhridNews