Штипјанецот Димитар Пилешков ќе биде арбитар на дербито на колото помеѓу Гостивар – Охрид, во 23-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.
На Пилешков во Гостивар ќе му асистираат Ристо Ѓорѓиев и Зоран Саздовски, двајцата од Штип. Четврти арбитар е Александар Василевски од Скопје.
Охриѓанецот Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на средбата Слога Виница – Плачковица, во Втората лига-исток. Асистенти на Бафто се Климент Ристоски (Струга) односно Николче Николески (Ресен). Четврти арбитар е Мишо Ѓорѓиески од Охрид.
Мечевите поради новите рестриктивни мерки се играат во 13 часот.
- Двојки и судии:
Велазерими – Тетекс (Дени Лековски/Битола)
Кадино – Дрита (Сашко Ристов/Струмица)
Велешта – Кораби (Спире Арсво/Кочани)
Гостивар – Охрид (Димитар Пилешков/Штип)
Табела: Скопје 48, Велешта 40, Охрид 39, Гостивар 37, Кораб 30, Велазирими 25, Кадино 21, Тетекс 21, Дрита 17, Вардар Форино откажан.
OhridNews