Локалното дерби помеѓу Кораб и Охрид во Дебар е една од најинтересните пресметки во осмата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

Правдата во дерби средбата ќе ја дели стружанецот Садик Таири. На Таири ќе му асистираат Николче Николовски од Ресен односно Вјолца Изеири од Гостивар. Четврти судија е Нинислав Нанков од Гостивар.

Охридскиот арбитар Фатмир Бафто ќе го суди мечот Тетекс – Кадино кој ќе се одигра в недела во Боговиње. На Бафто ќе му помагаат Горан Балески од Охрид и Марио Мојсоски од Струга. Четврти судија е Мишо Ѓорѓиески.

Сите натпревари освен Тетекс – Кадино се играат в сабота во 14:30 часот.

  • Двојки и судии:

Кораб – Охрид (Садик Таири)

Гостивар – Вардар Форино (Влатко Илиоски)

Тетекс – Кадино (Фатмир Бафто)

Велешта – Велазерими (Ндерим Тефику)

Дрита – Скопје (Стојанче Стојанов)

OhridNews