Екипата на Гостивар го освои целиот плен во Охрид откако со 2-1 го совлада составот на Победа во првото коло од пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.


Натпреварот на Атина Бојаџи го одбелажа добрата и храбра игра на гостите и охриѓнацот Наум Вељаноски кој со погодок го прослави дебито во новата средина.

Гостиварчани резултатот го отворија во 23-та минута кога Славчо Велковски ја погоди мрежата на Ванче Манчевски. Пред финишот на првиот дел гостите ја дуплираа предноста со погодокот на Вељаноски.


Домаќините во второто полувреме фрлија се на една карта, нападот, но успеаја само да ублажат поразот постигнувајќи почесен погодок во 75-та минута преку Денис Димитриоски.

Победа не најде начин за уште еден погодок, кој ќе им донесеше реми на стартот од пролетната полусезона.


Со оваа победа Гостивар стигна до 16-от сезонава додека Победа остана на 19-те освоени минатата полусезона.

Резултати: Скопје – Македонија ЃП 2-1, Тетекс – Пелистер 1-1, Еуромилк – Кожув 1-1, Љубанци – Влазрими 1-1, Победа – Гостивар 1-2.

Табела: Љубанци 25, Македонија ЃП 24, Тетекс 23, Пелистер 21, Еуромилк 20, Скопје 20, Победа 19, Велазерими 19, Гостивар 16, Кожув 10

Мх.П.