Дејан Младеновски од Скопје ја доби довербата да ја дели правдата на дуелот помеѓу Охрид – Дрита, на СРЦ „Билјанини Извори“, во првата рунда од третиот круг во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Младеновски кој има долгогодишно искуство во Втората лига прв пат ќе му суди на Охрид сезонава. Натпреварот Охрид – Дрита е од големо значење за двете екипи, бидејќи бодовите им се потребни за остварување на зацртаните цели во второлигашката конкуренција.
Асистенти на Младеновски ќе му бидат Филип Ицковски и Дејан Димитриевиќ, двајцата од Скопје.
Охриѓанецот Фатмир Бафто повторно ќе дели правда во Втората лига-исток, добивајќи го мечот Осогово – Росоман. Асистенти на Бафто во Кочани ќе му бидат Горан Балески (Охрид) односно Климент Ристоски (Струга). Четврти судија е Мишо Ѓорѓиоски.
- Двојки и судии:
Скопје – Велазерими (Доне Ристовски/Гевгелија)
Велешта – Кадино (Никола Иванов/Велес)
Гостивар – Тетекс (Сашко Ристов/Струмица)
Охрид – Дрита (Дејан Младеновски/Скопје)
Кораб слободен
OhridNews
Најава Охрид – Дрита: Засилената Дрита сериозен предизвик за „рибарите“