Фудбалерите на Велешта направија чекор напред во битката за втората позиција на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, победувајќи ја Дрита со 2-1 додека охридските фудбалери чекор назад, ремизирајќи 1-1, на домашен терен со Кораб.

Велешта до триумф во пресметката со Дрита дојде благодарание на погодокот од Христијан Малески во 72-та минута од натпреварот. Претходно за Велешта погоди Игор Клечкароски, а за гостите од Боговиње стрелаше Валон Зеќири.

Охриѓани, пак, освоија бод, а можат да жалат за преостанатите два во дуелот со Кораб од Дебар. Бурхан Алији донесе водство за домаќините, а погодок за егал го постигна Зеќири Рихан.

Велешта на Охрид му побегна четири бодови на табелата. „Рибарите“ имаат меч помалку и за три рунди на домашен терен го пречекуваат директниот ривал.

  • Резултати:

Велазерими – Кадино 1-1

Скопје – Тетекс 2-1

Велешта – Дрита 2-1

Охрид – Кораб 1-1

Гостивар слободен

Табела: Скопје 48, Велешта 40, Гостивар 37, Охрид 36, Кораб 27, Велазерими 25, Кадино 21, Тетекс 18, Дрита 14, Вардар Форино откажан.

OhridNews

 

 

Гостинскиот голман не дозволи радост на „рибарите“, Охрид и Кораб го поделија пленот