Комисијата за дисциплина при ФФМ изрече ригорозна казна за струмичкиот второлигаш и виновниците за прекинот во првото коло.  

ФК Беласица поради инцидентот со ФК Маџари С. 6 (шест)-средби како домаќин ќе ги игра на оддалеченост 100 километри од Струмица.

Фудбалскиот работник Марјан Илиев се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од една година.

Фудбалерот на ФК Беласица Ѓурчевски Живко се казнува со забрана на настап на 6 месеци.

Ова сигурно ќе биде голем удар за струмичкиот тим. Минатата сезона “кенгурите“ беа на чекор до елитното друштво кога претрпеа пораз од Силекс во баражот, а годинава во воведните две кола претпреа два порази.

ohridnews