Некогашниот македонски вице-шампион, струмичка Беласица е наредниот противник на ФК Охрид во шестото коло од пролетниот дел од Втората МФЛ.

Не треба многу да се трошат зборови за струмичката фудбалска школа, од каде потекнуваат Пандев, Стојков, Мазнов, браќата Попов.

Далеку  од тие постигнувања ,во моментов се “кенгурите“ кои со 33 бода се наоѓаат на седмото место.

Струшки Караорман минатото коло им ја прекина серијата од три победи.


стадиoнот Младост

Во досегашниот дел од првенстовото имаат девет победи од кои седум на домашен терен. Пет натпревари завршиле без победник, претрпеле седум порази од кои два на домашен терен.
 

Седумте  победи на стадионот Младост  ги постигнаа над екипите :

21 коло Беласица Вардар Д 3-1
19 коло Беласица Металург 2-0
17 коло Беласица Локомотива  1-0
15 коло Беласица Тетекс  2-1
13 коло Беласица Маџари С 3-1
11 коло Беласица Нов Милениум 3-1
5 коло  Беласица Караорман  2-0

Две Нерешени :

7 коло  Беласица Дрита 0-0
3 коло Беласица Миравци 0-0

Два порази :

9 коло  Беласица Турново 1-2
1 коло Беласица Слога Ј 1-5

Два пати од гостувањата се вратија со цел плен :

14 коло Алумина Беласица 0-1
20 коло  Миравци Беласица 0-2

Три  ремија :

8 коло Влазрими Беласица 1-1
12 коло Брегалница Беласица 2-2
18 коло Слога Ј.
Беласица 0-0

Пет порази:

22 коло Караорман  Беласица  1-0 
10 коло Скопје  Беласица  2-0 
6 коло Охрид 04 Беласица 3-0 
4 коло Вардар Д Беласица  1-0 
2 коло Металург Беласица 1-0 

Главен судија на мечот е Ангелов Александар. Асистенти : Ангелов Сашко и Иванов сашо сите од Кочани.