1 натпревар сезонава на кој рибарите постигнуваа четири погодоци. Прва победа изразена со четири гола разлика. Дебитатнски погодок на Перески. Минус еден од водечкиот тандем на табелата.
2 гол за Дарко Клечкароски , прв на домашен терен, првиот го постигна во петтото коло против Тиквеш за водство од 1-0. Два жолти картони
3 место на табелата, трет гол на напаѓачот Игор Клечкароски, втор гол на домашен терен, првиот го постигна во четвртото коло против Влазерими.
4 погодок за Нически , тој е најефикасен играч во составот на “рибарите“. Четврти меч сезонава на Билјанини Извори како мрежата останува недопрена.
5 од 5 на домашен терен.
6 гола примени во првенството, втора најдобра одбрана во лигата, најмалку примени погодоци има 11 Октомври, само два.
8 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. Нически четири пати, И. Клечкароски три пати, Китрозоски и Д. Клечкароски по два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски и Перески.
9 на девет од десетте натпревари постигнаа погодок,а на осум од нив дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.
10 рунди шест победи, два ремија и два порази.
11 постигнати гола на домашен терен, само еден примен
12 место е Новаци , наредниот противник на Охрид во 11 рунда.
15 постигнати погодоци ,заедно со Охрид Лоте петти напад во лигата, најефикасен е Еуромилк со 20 успешни реализации.
20 бода од можни 30
400 гледачи го проследија мечот одигран на “Билјанини Извори“.
Охрид Лоте
1 останаа на една победа на гостувањата и тоа постигната во второто коло против Влазерими 5-4.
3 пораз во серија, во претходните две рунди “градежниците“ претрпеа порази од Еуромилк со 1-0 и Тиквеш со 4-1.
4 пораз на гостувањата, три беа без постигнат погодок со минимални 1-0, од Миравци, Еуромилк и 11 Октомври.
5 пораз во првенството, четири на гости , еден на домашен терен.
6 постигнати гола на гостувањата. На трите меча на кои не постигнаа гол ги загубија со 1-0.
7 место на табелата.
10 рунди , четири победи, едно реми, и пет порази.
11 во наредната рунда на домашен терен играт против десетто пласираната Дрита.
13 освоени бода од можни 30.
3000 гледачи го проследија мечот кој се одигра на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп.