Во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, денеска и утре во Струга под мото „Луѓето значат успех“ ќе се одржи втората Меѓународна конференција за човечки ресурси.  

Своето искуство од областите на лидерство, менаџирање на таленти, организациска култура и следење на постигнувањата во работењето на менаџери и извршни директори од Македонија, од регионот и пошироко, ќе го пренесат експерти од Германија, Србија, Чешка, а ќе биде презентирана и видео порака од најдобриот и докажан мотиватор Исак Адиџес.

На Конференцијата ќе бидат претставени и најдобрите практики од управувањето со човечките ресурси во регионот, со посебен акцент на предизвиците на човечките ресурси на патот кон Европската Унија.

OhridNews