На 31 јули во недела во Струга со почеток во 9 часот ќе се одржи втората меѓународна кајакарска регата „Илинденски Спринт“.
На регатата „Илинденски спринт“ ќе учествуваат околу 15-тина клубови од четири земји Србија, Бугарија, Турција и Македонија.
Учесниците ќе се натпреваруваат во четири категории (пионери ,кадети, јуниори и сениори) во две дисциплини 1 (кајак едносед) и К2(кајак двосед) во машка и женска конкуренција.
Технички организотор на меѓународната регата „Илинденски спринг“ е кајакарскиот клуб Дрим од Струга во соработката со Кајакарската Федерација на Македонија подржана од Агенцијата за Млади и Спорт.
OhridNews