Во втората лига Запад, денеска на програмата беше 23 коло.

Охрид Лихнидос минимално загуби на гостувањето кај Беса. Стрелец на единствениот гол беше Малиќ Белули 80′.

Воска Спорт, пак, киксираше на домашен терен играјќи нерешено 0:0 со Гостивар.

Со денешниот пораз Охрид падна на 8-та позиција со 22 бода, бод помалку од седмиот Кораб (23) и пет повеќе од Велешта 17 зад која е само отпишаниот Кадино 6.

На врвот и натаму прв е Силекс 59, пред Воска Спорт 52 и Вардар 46.

Во следното коло кое на програмата е на 23 април, Охрид и гостува на Велешта, а Воска Спорт на Тетекс.

Г.М.