Фудбалерите на Воска Спорт извојуваа вредна победа во дерби натпреварот со Пелистер, со кој се комплетира 21 коло во Втората лига. Попладнево на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, Воска Спорт – Пелистер 2:1, полувреме 1:0.
Стрелец на двата гола за Воска Спорт беше капитенот Изаир Емини, додека голот за Пелистер, со кој гостите само го намалија резултатот, го постигна Борче Маневски од пенал.
Пелистер мечот го заврши со 10 играчи откако во 86 минута беше исклучен Благоја Љамчевски.
Со оваа победа Воска Спорт се искачи на 2 место на табелата со 50 бода, два помалку од лидерот Вардар. Пелистер со 43 бода останува на четвртата позиција.
Г.М.
Фото: Воска Спорт