Фудбалерите на Воска Спорт убедливо го совладаа струшки Караорман попладнево на „Билјанини извори“ со 4:1 за убедлив старт на пролетниот дел од сезоната во Втората лига на клубот од охридската крајезерска населба.
Со оваа победа Воска Спорт се искачи на 2 место на табелата, прескокнувајќи го Вардар кој одигра само 1:1 на домашен терен во дуелот со Аресими.
ГФК Охрид, пак, забележа пораз на гостувањето во Тетово од Тетекс од 2:0. Тетовчани кои се борат за опстанок, славеа со головите на Емил Скоко во 39 и Никола Сарески во 45+1 минута.
Резултати Втора лига, 16 коло:
Пелистер – Кожуф 5:0
Вардар – Аресими 1:1
Тетекс – Охрид Лихнидос 2:0
Беласица Детонит Плачковица 2:1
Слога 1934 – Борец 1919 4:0
Воска Спорт – Караорман 2017 4:1
Гостивар – Пехчево 1:0
Беса – Каменица Саса 2:0
На табелата води Гостивар со 40 бода, пред Воска Спорт и Вардар кои имаат по 37 бода. Охрид остана на шестото место со 26 бодови.
Во следното коло кое на програмата е на 25 февруари, ГФК Лихнидос го пречекува Вардар, а Воска Спорт му гостува на Пехчево.
Г.М.
Фото: Воска Спорт