Фудбалерите на Охрид во 24 коло од Втората лига, вчера, загубија од последнопласираната екипа на табелата Вардарски со 3:0.

И покрај поразот Охрид остана во горниот дел на табелата каде го дели 6-то место со Беласица. Двете екипи имаат по 35 бода.

Во следното коло, Охрид на 19 април дома ја пречекува екипата на Осогово. Мечот ќе се игра од 16 часот.

Г.М.